| Глумци | Ликови |
|---|---|
| Емилија Атијас | Сиело Махико/Анхелес Инчаусти Паз Бауер |
| Николас Васкез | Николас „Нико“ Бауер |
| Маријано Торе | Камило Естрежа Хуан Круз Јорк |
| Химена Барон | Есперанса „Хоупи“ Бауер |
| Бенхамин Амадео | Тео Горки |
| Питер Ланзани | Тијаго Бедожа Агуеро |
| Маријана Еспозито | Маријанела „Мар“ Талерико Риналди |
| Марија Еухенија Суарез | Хасмин „Хас“ Ромеро |
| Гастон Далмау | Рамиро „Рама“ Ордоњез |
| Николас Риера | Хуан „Тачо“ Моралес |
| Стефано де Грегорио | Леон „Жека“ Бенитез |
| Викторио Д'Алесандро | Лука Франчини |
| Пабло Мартинез | Симон „Сајмон“ Родригез Аречавалета |
| Марија дел Серо | Мелоди „Мел“ Паз |
| Агустин Сиера | Игнасио „Начо“ Перез Алзаменди |
| Даниела Аита | Каридад „Кари“ Мартина Куеста |
| Кандела Ветрано | Естефанија „Тефи“ Елорди Риналди |
| Росио Игарзабал | Валерија „Вале“ Гутиерез |
| Даниела Колини | Франсиска „Кика“ Заната |
| Паула Река | Луна |
| Макси Река | Педро |
| Хаиме Домингез | Хаиме |
| Агустина Кордова | Сол/др. Неуросис |
| Алехо Гарсија Пинтос | Бартоломе Бедожа Агуеро |
| Хулија Калво | Хустина Мерарда Гарсија Фелиситас „Фели“ |
| Химена Акарди | Малвина Бедожа Агуеро |
| Лукас Фераро | Маркос Ибарлусија |
| Херардо Чендо | Могли |
| Мануела Пал | Франка Мајерхолд |
| Николас Паулс | Салвадор Кирога Хармс |
| Лукас Креспи | Хуан Далмасио |
| Томас Рос | Кристобал „Крис“ Бауер |
| Назарено Антон | Матео „Монито“ |
| Гуадалупе Антон | Алели Ордоњез |
| Флоренсија Кањасо | Луз Инчаусти (1 и 2 сезона) |
Прва сезона
Првата сезона ги претставува најосновните односи на ликовите. Се запознавме со Сиело Махико, која поради игри на судбината се вработува како слугинка во една куќа. Каде поради сплет на околностите, го запознава младиот и згоден археолог Николас Бауер. Кој претставува нејзин главен љубовен интерес. Дејството во поголем дел се центрира околу злобните планови на сопствениците на куќата, Бартоломе „Барто“ Бедожа Агуеро и неговата верна помошничка и подоцна љубовничка Хустина Гарсија.
Двајцата во очите на народот водат дом за деца, кои ги третираат одлично, додека скришум ги малтретираат, злоупотребуваат и експлотираат, изложувајќи ги на тежок уличен живот и кражба. Четири од децата се тинејџери и тоа: Маријанела, Рама, Тачо и Хасмин. Мар претставува млада девојка која вљубена во синот на Бартоло, Тијаго не ја забележува љубовата од Рама. Рама е младо момче кое заедно со својата помлада сестра Алели се обидува да живее нормален живот, несреќно вљубен во Мар. Тачо е најцврстото и најсилното дете од сите деца и е вљубен во Хасмин. Хасмин пак од друга страна е циганка која е доста суеверна и секогаш подготвена на разни цигански игри и ритуали, која е ставена во средина на љубовен триаголник од Тачо и младиот богаташ од соседството Начо.
Покрај сè, најважни работи во оваа сезона се обидите на Барто и Хустина за Сиело да не ја открие вистината за своето потекло, ниту пак својата скриена сестра во подрумот на куќата за која дури ниту Барто не знае. Малвина сестрата на Барто претставува главна пречка помеѓу Сиело и Нико, заедно со штотуку дојдениот археолог во соседтвото Марк, која подоцна служи како главен антагонист во серијата после Барто, со откривањето на својот вистински идентитет Ибралусија.
Втора сезона
Сезоната започнува три месеци по настаните од првата сезона. Женскиот протагонист Сиело која претходно беше абсорбирана од куќниот часовник, е мистериозно исчезната, а всушност е во влезена во нова димензија каде го запознава Тик-Так така наречениот ангел чувар. Кој ја подготвува за понатамошните опасности, кои во тоа време не се откриени.
Николас Бауер по загубата на Сиело решава да ги пронајде исчезнатите Малвина и Кристобал, со што ангажира специјален тим со кој ги бараат насекаде, незнаејќи дека се загубени во шумата во која тимот се наоѓа. Нико по патот да ги пронајде наидува на свој далечен пријател Салвадор со чија помош ја продолжува потрагата. На крајот ги наоѓа токму навреме кога Малвина добива породилни болки, и Нико и помага во пораѓањето со што на свет ја донесува својата ќерка Есперанса.
Во меѓувреме во куќата која сега е под раководство на Нико, е целосно трансформирана во вистинско весело место со помош на Фелиситас, која решава да остане да живее во куќата. Истовремено Тијаго, Мар, Хасмин и Тачо со новото училиште се на одмор на кој му се ближи крајот. Таму нивните врски се ставени на тест, некои од нив откриваат и нови љубовни интереси, а се раѓаат и ривалства.
Како главен антагонист во првата половина од сезоната се појавува Франка. Мистериозна и бестрашна, но прекрасна млада девојка која привлечена од неодамнешните електромагнетски полиња околку куќата на Сиело решава да се пресели во поранешната куќа на Николас Бауер. Таа тајно работи за скришна организација позната под името „CC“. Заедно со својот помошник Лука кој го тера да се влезе во куќата како уште еден невин бездомник малку помалку вградува импланти на секој од децата. Уште од првата епизода тајната корпорација ја киднапира Фелиситас за време на нејзината посета на својата сестра Хустина и ја става во затвор на местото на Хустина и обратно. Со што Хустина преправена во Фели навлегува во куќата и почнува да соработува со Франка.
По потребното обучување на Сиело, таа се наоѓа сама и напуштена повторно во нормалата и го запознава Салвадор, пријателот на Нико, со кој развива цврста врска која завршува со брак на кој конечно Нико открива дека жената со која Салвадор се жени е исчезната Сиело која не покажува знаци дека воопшто памети некој од својот минат живот. Нико неможејќи да се сноси со загубата на Сиело (пред да дознае каде е) се препушта на страста и започнува врска со својата соседка Франка. Која почнува да манипулира со него.
Дејството кулминира во средината на сезона каде Франка е разоткриена и е откриено дека над неа постои посилен човек кој раководи со целата корпорација под името Хуан Круз. Од овој момент па натаму се редат низа настани поврзани со Хуан Круз, кои конечно доведуваат до неговото разоткривање и финална пресметка помеѓу него и Тијаго, кој всушност излегува негов син.
Меѓу гореспоменатите настани помеѓу помладите улоги се раѓаат нови врски и ривалство. Исто така се преставени и нови ликови во оваа сезона. Симон, младо и чесно момче кое се вљубува во Мар, но претходно започнувајќи пријателство со Тијаго што доведува до љубовен триаголник. Мелоди, за која Мар дознава дека е всушност девојката со која Тијаго имал летна авантура, се појавува во градот и решава да ја обнови својата врска со Тијаго, што создава уште еден тираголник. Набргу Мар и Тијаго ги прекинуваат своите врски и започнуваат заедничка врска со таа цел повеќе да не страдаат. Ова доведува до одалечување на Симон од останатите и до зближување на Мелоди со Тефи и останти ученици од средното училиште.
Меѓу овие ликови воведени се и други ликови меѓу кои: Каридад, Валерија, Мат, Чарли, Кендра и др. Каридад е млада девојка од провинција која се вселува во куќата. Валерија е девојка која служи како љубовен интерес на Рама која исто така се вселува во домот. Мат служи како љубовен интерес на Хасмин на почетокот од сезоната. Чарли претставува уште еден член на корпорацијата „CC“, кој и помага на Франка, а подоцна и и ја зазема и нејзината позиција, и Кендра која е воведена во средината на сезоната и се претставува како мајката на Тијаго, која боледува од тешка болест, скришум работејќи за Хуан Круз.

Трета сезона
Дејството во третата сезона се случува 22 години подоцна од случувањата на втората сезона која заврши со конечно отворање на златната книга и кoja поголем дел од главните ликови ги испраќа на различни места во Аргентина. Откако ќе ги разрешат дилемите околу книгата, сите продолжуваат со својот живот за кој гледаме дека е доста сменет од крајот на втората сезона. Откако ќе ја отворат златната книга која ја најдоа Мар и Тијаго (и откако ќе ја стават на фонтаната пред куќата на Сиело книгата ќе ги повлече сите и сите ќе ги однесе во друга димензија. Тијаго ќе падне во пустина, Каридад ќе падне во базен во еден хотел, Хустина ќе падне во дупка за гроб односно ќе падне на гробишта, Валерија ќе падне на мост на автопат, Хасмин ќе падне во водите на еден водопад, Лука ќе падне покрај оган, Симон ќе биде на една кочија која ќе биде возена од еден дедо и ќе падне од кочијата откако таа ќе стапне врз камче, Тачо ќе биде покрај една гаража, Тефи ќе биде во камион полн со овци, Мелоди ќе падне во една валкана река и ќе вика по едни возачи на кајак кои нема да ја слушнат, Мар ќе биде на планина на која ќе биде лизгаво, Начо ќе биде на една висорамнина, Рама ќе биде на карпи .... но сите ќе бидат блиску едни до други. Во 3 сезона во тин серијата Ангели сите ликови ќе се сменат. Симон ќе сака да ги убие Тачо и Мелоди кои ќе бидат заедно. Мар ќе треба да се венча со Тијаго но додека таа е во црква ќе му се јави на Тијаго кој ќе и каже дека нема да се венча со неа и дека таа многу добро знае зошто тој нема да се венча со неа. Тој во еден подрум ќе биде со Хасмин која ќе биде погодена од куршум во стомакот. Тефи и Начо ќе бидат заедно т.е. ќе живеат заедно и ќе бидат дечко и девојка.
Актерот кој го толкува Николас Бауер, ја напушта серијата поради лични причини, а неговиот лик е целосно тргнат. Додека пак актерката која ја толкува Сиело се враќа во серијата, но во улогата на ќерката на Сиело и Николас, Паз. Тука ќе биде и ќерката на Нико и Малвина, Есперанса. Машкиот протагонист е Маријано Торе, кој во втората сезона го глуми Хуан Круз, а во третата го глуми синот на Хуан Круз, Камило Естрежа.

No comments:
Post a Comment